Интересот на Србија е да го продолжи патот кон Европската унија. Водиме јасна и принципиелна политика во дијалогот со Приштина, со цел да постигнеме решение кое ќе обезбеди страбилност во регионот, изјави премиерот на Србија, Ивица Дачиќ во разговорот со делегацијата на германскиот Бундестаг.
Дачиќ ги извести соговорниците за реформите во Србија и настојувањето на владата да ги исполни условите за започнување на преговори и пристапување во ЕУ.
Тој потсети дека Германија е еден од најголемите надворешни трговски партнери на Србија и укажа на можноста за унапредување на економската соработка помеѓу двете држави.
Членовите на делегацијата на Бундестагот оценија дека владата оствари значаен напредок и видливи резултати и укажаа дека Србија како најголема држава на Западниот Балкан, стана значаен фактор за регионална стабилност.
Елена Георгиевска