Бан Ки-мун го истакна значењето на дијалогот Белград-Приштина

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска го истакна значењето на дијалогот Белград-Приштина и ги повика двете страни да останат посветени на постигнувањето спогодба преку взаемно прифатливо решение.

Во соопштението на Бан Ки-мун, што го пренесува портпаролот на УНМИК, Оливије Салгадо, се наведува дека генералниот секретар е охрабрен од настојувањата на Белград и Приштина да постигнат суштински напредок во контекст на дијалогот што го помага високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Следната рунда од разговорите е закажана за 20 март во Брисел, се потсетува во соопштението.

Советот за безбедност на ОН, подоцна неделава, на седница во Њујорк, ќе расправа за Косово.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ