Рано утрово одекнале две експолизии на различни локации во Ниш, при што се оштетани два автомобила.
Првата експлозија се случила на паркингот на улицата Војвода Мишиќ, при што бил оштетен автомобилот „Рено Меган“.
Се претпоставува дека експлозивна направа била фрлена под или пред автомобилот, а најверојатно станува збор за рачна бомба „кашикара“.
Минатата ноќ околу четири часот изутрина на паркингот помеѓу зградата на улицата Електронска и Народен Херој дојде до експлозија и пожар во луксузен автомобил „БМВ“.
Според првичните инфомации нема повредени.
Елена Георгиевска