Британец создаде автомобил што работи на воздух

Од:

Британецот Питер Диарман својот 25 години стар автомобил Воксал Нова го претвори во возило од иднината што како погонско гориво користи чист воздух.

Автомобилот нема бензин и акумулатор, а единствено гориво што го користи е обичен воздух, што го прави можеби „најзеленото“ возило на планетата.

– Остануваме без фосилни горива, мораме нешто да направиме. Се надевам дека ова е решение, изјави Диарман.

Автомобилот работи како парна машина, но наместо пареа користи многу студен воздух во течна состојба. Воздухот е сместен во шише за пиво. Со загревање воздухот повторно се враќа во гасовита состојба и тече кон моторот.

Возилото достигнува максимална брзина од 48 километри на час и може да помине до пет километри без повторно полнење.

Ништо што досега не е познато. Сепак, Диарман целиот процес го има целосно оптимизирано, со што создал автомобил кој е неверојатно ефикасен и речиси без никакво влијание на животната средина.

– Автомобилот нема никаква емисија на штетни гасови бидејќи користи само воздух. Нема што да согорува. Единствено ја користи топлината од атмосферата и течниот воздух, истакнува 61-годишниот пронаоѓач.

Ова не е нешто ново, но мојот додаток овозможува кога еднаш ќе се загрее течниот воздух, да може да се одржува топол се додека се шири. Доколку го оставите да се олади, се собира и ја губи својата ефикасност. Воздухот во моторот се затвора и создава притисок што ги придвижува цилиндрите. Како што цилиндерот се спушта, воздухот се шири и лади, но е подготвен да апсорбира топлина од течноста, што ги прави поефикасен, објаснува Британецот.

Воксал Нова на Диарман е можеби еден од најеколошките автомобили на Земјата. Моторот е многу лесен, што дозволува производителите да направат многу евтино возило. Може да се изработи и од пластика, без употреба на метали. Бидејќи не користи акумулатор, производителите може да избегнат било какви скапи материјали.

Воздухот како погонско гориво е погодно и поради тоа што брзо се полни, за разлика од автомобилите на батерии.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска