Рускиот претседател Владимир Путин смета дека евентуалниот данок врз депозитите во кипарските банки е неправеден, непрофесионален и опасен, изјави портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков.
Путин утрово свика оперативно советување со раководството на администрацијата и советници по економски прашања.
На средбата беше разгледана економската ситуација во еврозоната, рече Песков.
Руското Министерство за финансии смета дека е премногу рано да се коментира евентуално воведување данок врз депозитите во Кипар.
Заменик-министерот за финансии Сергеј Шаталов истакна дека желбата на Кипар да добие дополнителни приходи е целосно разбирлива.
Според него, такво решение нема да им се допадне на руските бизнисмени. Шаталов истакна дека според различни извори има и варијанта со која ќе бидат оданочени само доходите од депозити. Таа варијанта воопшто не е страшна, дури и праведна, рече тој.