Ал Каеда во исламски Магреб ги повикува младите џихадисти да се борат против Франција

Од:

Ал Каеда во исламски Магреб (АКИМ) ги повикува исламистите од северна Африка да останат во своите земји за во нив да го водат отпорот против светските сили, повикувајќи ги џихадистите да се приклучат кон борбата против Франција, соопшти американскиот Центар за набљудување на исламистички сајтови (СИТЕ), цитиран од француските медиуми.

Во пораката, ставена на исламистички сајтови, АКИМ ги повикува младите исламисти да не ги напуштаат своите земји.

Организацијата изјави дека не треба да им се остава можност „на нерелигиозните и иселниците да сејат корупција“, дополнувајќи дека убедените џихадисти треба да се приклучат кон борбата против воената кампања на „француските крстоносци“ во Алжир и Мали.

-Фронтот на исламски Магреб има огромна потреба од поддршката на синовите на Тунис, Мароко, Либија и Мавританија, за во шах-мат позиција да го стават нападот на француските крстоносци, да ги уништат нејзините агенти во регионот и да се зацврсти исламистичкиот проект, забележува АКИМ.

Во моментов околу 4.000 француски војници се разместени во Мали, каде водат тешки борби со вооружени исламисти во североисточниот дел на земјата, во близина на алжирската граница.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски