Србија има намера од Русија да земе кредит од 500 милиони долари место милијарда долари, колку што претходно беа планирани, изјави денеска српскиот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ, цитиран од руските медиуми.
Динкиќ изјави дека за ова прашање тој пред неколку дена телефонски разговарал со својот руски колега Антон Силванов.
-Ние се договоривме дека Русија ќе ни даде официјален предлог за доделување кредит од 500 милиони долари. Побарав, исто така, да ни дадат поповолни услови за заемот отколку порано, рече Динкиќ.
Тој изрази надеж дека предлогот на неговиот руски колега ќе биде таков што владата на Србија со радост ќе го прифати.
Според Динкиќ, ликвидноста на српскиот буџет сега суштински е зголемена во споредба со минатата година, кога Москва и Белград водеа преговори за кредит од милијарда долари.
Во оваа врска двете земји констатирале дека Србија нема потреба од толку голем заем,туку ќе и се даде заем од 500 милиони долари.