Ивановиќ: Меѓународната заедница нема да го реши мартовското насилство

Од:

Меѓународната заедница нема голем мотив да се занимава со прашањето за откривање на организаторите на мартовското насилство во 2004 година над Србите, бидејќи стравува тоа да не доведе до политички врв на властите на Косово, изјави поранешниот државен секретар во министерството на Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ.

Тој истакна дека поради тоа злосторство беа осудени 40-50 сторители на мала казна и дека тука лежи голема одговорност на меѓунардоната заедница.

-Меѓунардоната заедница падна на тој испит – изјави Ивановиќ и додаде дека тогаш дојде до „етничко чистење“.

Тој вели дека не е оптимист по прашањето да се пронајдат организаторите на насилството над Србите пред девет години, потсетувајќи дека тогаш токму меѓународната заедница уверуваше дека ќе бидат казнети и оние кои се обиделе политички да соберат поени.

Денес се одбележува 9-годишнината од мартовското насилство, во кое од 17 до 19-ти март 2004 година од Косово беа протерани повеќе од 4.000 Срби и беа уништени голем број цркви и куќи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ