НАСА откри планета на која може да има живот

Од:

НАСА со помош на телескопот Кеплер пронашла неколку досега неоткриени планети.

На една од нив би можело да се наоѓа вода, останатите имаат интересни карактеристики, почнувајќи од нивната густина, па до сјајот и големината, пренесува Индипендент.

Планетата 22б се наоѓа во таканаречената „зона за населување”, односно во подрачјето каде што не е претопло, но не е ниту престудено за постоење вода во течна состојба. Сепак, сè уште не може да се каже со сигурност да се каже дали е во прашање карпеста или гасовита планета.

Интересна е и планетата 37б чија големина е двојно помала од Земјината, односно одговара на големината на Месечината. Една од планетите, поточно онаа со име 10б, има густина на тврдо железо, а толку е блиску до Сонцето, што веројатно на неа се наѓаат ‘океани’ од растопен метал.

Некои планети пронајдени со Кеплеровиот телескоп светлат како дијамант, додека други се црни како јаглен, а најнеобичен меѓу откриените планети сигурно е планетата именувана 7б, чија густина е толку мала, што би можела да плута на вода.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска