Фудбалерот на АЕК, Јоргос Катидис предизвика бран на незадоволство и е мета на сериозни критики од политичарите, спортистите и навивачите во Грција откако на натпревар со нацистичкиот поздрав го прослави дадениот гол.
На фотографиите се гледа Катидис со крената десна рака откако го даде победничкиот гол за атинскиот фудбалски клуб АЕК над Верија.
Фашистичкиот поздрав на Катидис предизвика зачуденост кај Рожер Гереиро, кој стоеше до него, а роден е во Бразил.
Катидис на својот Твитер профил напиша дека го мрази фашизмот, додека тренерот на АЕК, Евалд Линен изјави дека фудбалерот „не се разбира од политика“.