Повеќе од стотина Авганистанци демонстраа денеска во Кабул, барајќи повлекување на америкаските специјални сили од провинцијата Вардак, кои неодамна беа обвинети за наводна злоупотреба на овластувањата.
Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи нареди елитните американски единици да се повлечат од Вардак, по наводите дека војниците од САД и припадниците на авганистанската полиција мачеле и убивале цивили.
Меѓу демонстрантите, кои се собраа пред Парламентот во Кабул, најголем број биле жители на провинцијата Вардка. Протестот се одвиваше под зголемено полициско присуство.
Заменик шефот на полицијата во Кабул, Дауд Амијн изјави дека демонстрантите мирно се разотидоа откако пратениците ветиле дека ќе ги разгледаат нивните барања.
– Тие бараа повлекување на американските специјални сили од Вардак, како и ослободување на некои лица уапсени од Американците, истакна Амијн.