Затворена Амбасадата на Либија во Каиро

Од:

Амбасадата на Либија во Каиро денеска соопшти оти ќе биде затворена на неодредено време откако демонстрантите неделава на вратата на Амбасадата го запалија либиското знаме,  во знак на протест поради смртта на еден египетски христијанин во либискиот град Бенгази.

Во соопштениоето од Амбасадата се истакнува дека конзуларните услуги се стопирани на неодредено време, но не се наведуваат други детали.

Илјадници Еѓипјани работаат во соседна Либија и во Амбасадата во Каиро добиваат работни дозволи.

Тензиите меѓу двете земји пораснаа по смртта на еден Копт од Египет, кој заедно со уште две лица беше уапсен во Бенгази под сомнение дека е вмешан во преобраќање на муслиманите во христијани.

Египетското Министерство за надворешни рабори наведува дека Езат Атала највероватно починал од природна смрт, но неговото семејство тврди дека е мачен. Другите двајца беа ослобоедени од притвор и тие тврдат дека биле изложени на тортура.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски