Ѓоровиќ: Верувам дека против Германија нема да се посрамотиме

Од:

Селекторот на женската македонска кошаркарска репрезентација Владимир Ѓоровиќ очекува достојно издание на вечерашниот дуел со Германија на стартот на квалификациски циклус за Европското првенство 2021.

– Атмосферата помеѓу играчите како и меѓу играчите и стручниот штаб можам да кажам дека е извонредна. Здравствени проблеми, освен оние пред почеток на циклусот немаме така што ќе настапиме со сета сила со која располагаме во моментов. Во Германија сме примени одлично. Одржавме два тренинга, еден синоќа неколку часа откако пристигнавме како и еден утринава за воигрување и за шут. Ги скаутиравме со колегите од стручниот штаб и се подготвувавме да одговориме на нивниот начин на игра. Ние знаеме како треба да одиграме и верувам дека нема да се посрамотиме. За што ќе биде доволна нашата игра, тоа пред време не можеме да знаеме, истакна Ѓоровиќ за сајтот на федерацијата.

Натпреварот почнува во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска