ВИДЕО: Репортерски тим задржан од кинеската полиција, додека снимале во живо

Од:

Репортерот Марк Стоун, на британскиот портал „Скај Њуз“, е задржан од кинеската полиција додека снимал на пекингскиот плоштад Тиананмен.

Стоун, и неговиот камерман Енди Портч, снимаа во живо утрово кога им пристапил полицаец и им рекол да прекинат да снимаат на плоштадот.

Кога биле приведени во најблиската полициска станица, тие емитувале во живо од комбето. Се уште не е јасно дали официјално се уапсени.

„Ова е увид како функционира репортерството во Кина. Повеќето од времето работите се мирни и нема проблеми, но понекогаш ова се случува. Полицијата е љубезна кон нас, но сепак не задржуваат“ рекол Стоун на гледачите кога бил приведен.

Стоун додал дека полицијата им рекла дека не ги приложуваат правилно нивните дозволи и дека тој не го носел пасошот, како што било побарано од него.

Според извештај на порталот „Скај Њуз“ тимот добил дозвола да снима на плоштадот, каде што известувале за транзицијата на кинеската влада.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени