Дачиќ во посета на Брисел

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес во Брисел ќе разговара со повеќе функционери од Европската комисија. Одвоено ќе се сретне со комесарот на ЕУ за здравство и заштита на потрошувачите Тони Борхо и комесарот за трговија Карел де Гухтом, најави владата на Србија.

Дачиќ ќе разговара и со комесарот за екологија Јанез Поточник и со комесарот за образование, културата и мултијазичноста, Андруол Васиљ.

Членовите на делегацијата на владата на Србија се потпретседателот на владата и министерот за внатрешна трговија и телекомуникација, Расим Љајиќ, министерката за здравство Славица Џукиќ Дејановиќ и министерот за образование, наука и технологија Жарко Обрадовиќ.

Премиерот на Србија по вчерашниот разговор со високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон, изјави дека во Брисел ќе се разговара со четири европски ресорни комесари за трговија, здравје, животна средина и образование.

Тој додаде дека денешниот состанок нема врска со дијалогот помеѓу Белград и Приштина, туку се работи за процесот со европските интеграции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ