Каталонските лидери Луис Пуиџ и Тони Комин, кои Шпанија ги бара за вмешаност во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија, денеска се уапсени во Белгија, но веднаш се пуштени на слобода до екстрадициското сослушување, соопшти белгиското Федерално обвинителство.
Шпанија го реактивираше европскиот налог за апсење на Пуиџ Комин откако девет други сепаратистички лидери во октомври добија затворски казни во Мадрид заради нивната улога во незаконскиот референдум и прогласувањето независност на Каталонија, во 2017 година.
Сослушувањето е закажано за 15 ноември, пренесоа британските медиуми.
Пуиџ и Комин денеска се информирани за налогот за апсење кога белгиската полиција ги приведе, а потоа ги пушти под услов да не ја напуштаат Белгија.
Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, по кого Мадрид, исто така, издаде налог за апсење, пред белгискиот суд треба да се појави на 16 декември.