Универзумот е холограм и нашите мисли и перцепции се контролирани од неколку луѓе, тврди авторот Дејвид Ицке. Тој е еден од „најконтраверзните говорници во светот“.
Неделава, тој заедно со Холи Вилоубај и Филип Скофиелд, гостуваа на англиската емисија „Дис Морнинг“ каде ги споделија своите мислења.
„Декодирањето на петте сетила, ушите се класика, но исто е и со сите други сетила – бранова форма на информации, енергетски информации. Замислете го како безжичен интернет. Тие ги претвораат тие информации во електрични информации, истата информација само различна форма, која комуницира со мозокот.
На пример, ако ја удрам мојата потколеница, не велам „ауч“ додека пораката не стигне до мозокот. Мозокот ја прима таа инфомрации од сите пет сетила и ја конструира реалноста. Па, затоа ние живееме во илузивна реалност во контекст на крутост. Со години велам во моите книги дека овој свет е всушност холограмски, а холограмот не е цврст, не е физички. Тој е илузивно тврд и илузивно тридемензионален“, вели Дејвид.
Тој додава дека „кога станува збор за нешто холограмско, нешто што е прекција, не станува збор за некој кој го земал металот и сите работи за да направи месечина, бидејќи тоа е само проекција“.
Според Дејвид, нашите животи се слични со приказната зад филмот „Матрикс“, поточно ние сме контролирани од група луѓе кои ја контролираат всушност нашата перцепција на реалност.
„Нивната моќ е во нашето незнаење дека постојат, и во нивната цел: да ја натераме популацијата да ни ја дадат нивната моќ. Колку луѓе ја даваат нивната моќ во владите, колку луѓе ја даваат нивната моќ во банките?“, вели Дејвид за оваа „друга раса“.
Јасна Атанасова