Прв пат по 60 години е откриена вистинската причина за смртта на Јосиф Сталин, откако берлинскиот весник „Куриер“ објави досега невидени документи, кои потврдуваат дека лидерот на поранешниот Советски сојуз починал од природна смрт.
Резултатите од обдукцијата, испишани на 11 страници укажуваат дека Сталин претрпел мозочен удар, по што се задушил.
Овој извештај би можел да ги замолчни дежурните теоретичари на заговори околу причината за смртта на тиранинот, чија политика уби повеќе од 30 милиони луѓе.
Сталин почина на 5 март 1953 година во 21:50 часот. По смртта на диктаторот политбирото го зафати криза, која заврши со изборот на Никита Хрушчов за негов наследник.
Извештајот од обдукцијата досега беше заклучен во руската Државна архива. До него дојде историчарот Матиас Ул од Германскиот инститит за историја во Моксва, кој изјави дека теориите за заговоро не биле точни.
Во документот Сталин се споменува под името „Пациент број 1“. Документите откриваат дека вечерта пред смртта Сталин уживал во омиленото грузиско црвено вино. Никој не се осудил да влезе во неговата соба се до вечерта следниот ден, кога е пронајден во пижами на тепихот како ’рчи. Неговите помошници мислеле дека е пијан, но тој веројатно тогаш бил во длабока кома.
Тој претрпел удар во левата страна на мозокот, проследен со крварење во желудникот, по што се задушил. Неговото тело го одвела тајната полиција.