По осми пат денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на бубрегот чие мото оваа година е „Стоп за акутното бубрежно оштетување“.
Одбележувањето на овој ден ќе се одржи во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон, со стручна поддршка на Здружението на нефролози и Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, а под покровителство на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.
По повод Светскиот ден на бубрегот ќе се одржат трибини на тема „Акутно бубрежно оштетување“ во пет градови во земјата, ќе биде делен промотивен материјал, а исто така ќе се одржат промоции на книги чии автори се пациенти на дијализа.