Членовите на комисијата на РФМ ќе имаат многу работа за избор на селектор на машката ракометна сениорска репрезентација.
Денеска до 14:00 часот кандидатура поднеле четири кандидати меѓу кои се следните: Ристо Магдинчев, Илија Темелковски, Владимир Глигоров и Ивица Обрван. А според прогнозите токму Обрван има најмногу шанси во петок да застане на кормилото на репрезентацијата.
Рокот за поднесување кандидатура истекува вечерва на полноќ, но за утрешниот ден ќе се очекува и информација евентуално за некоја кандидатура да не стигнала и по пошта.
Комисијата во состав на Гордана Нацева, Никола Панчевски и Ѓорги Тренковски утре ќе одржи состанок, а за петок на 15-ти март е закажана прес-конференција на која ќе бидат соопштени и деталите.