Најмалку две лица загинаа во Санта Круз, во постизборните немири што избија меѓу приврзаниците и противниците на боливискиот претседател Ево Моралес.
Смртта на двете лица за телевијата ПАТ ја потврди министрерот за одбрана Хавиер Сабалета.
Протестите избија бидејќи опозицијата тврди дека дојде до „изборна кражба“, барајќи поништување на изборите на кои уште по првиот круг победа прогласи актуелниот шеф на државата.
Ево Моралес е на власт во Боливија уште од 2006 година и со оваа победа на изборите го освои својот четврти мандат.
На 24 октомври тој прогласи победа уште по првиот круг од претседателските избори, тврдејќи дека во однос на својот ривал, Карлос Меса, ја освои, според законот, минималната потребна разлика за да се избегне втор круг гласање.
Во протестите што оттогаш се оддржуваат на повеќе места ширум земјата повредени се повеќе десетици лица.
Опозицијата најмногу е мобилизирана во Санта Круз, економската престолнина на земјата и нејзино сериозно упориште.