Шестмина загинати во земјотрес на Филипини

Од:

Шест лица загинаа, а над сто се повредени во силниот земјотрес, кој денеска го погоди островот Минданао, во јужниот дел на Филипини.

Земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала предизвика лизгање на земјиштето во регионот кој претрпе голема материјална штета во потресот од пред две недели, кога загинаа пет лица.

Филипинскиот Институт за сеизмологија и вулканологија го лоцираше епицентарот на околу 25 километри источно од градот Тулунан, во провинцијата Котабато, на длабочина од седум километри.

Градоначалникот на Тулунан Реуел Лимбунган изјави дека околу 90 отсто од куќите во трите најпогодени села се оштетени за време на денешниот земјотрес.

Во неколку градови запрена е наставата во училиштата со цел да се прегледаат зградите по потресот.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски