Аргентинецот Рафаел Гроси е избран за нов генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која, меѓудругото, ја има задачата да ја набљудува примената на спогодбата за иранската нуклеарна програма, пренесоа француските медиуми.
„Со обезбедување на квалификувано мнозинство во управниот совет за поддршка на Рафаел Гроси, МААЕ презеде решителен чекор кон изборот на свој генерален директор”, на Твитер напиша Ксавие Стикер, фрацуски амбасадор во Агенцијата на ОН, чие седиште е во Виена.
МААЕ се наоѓа во процес на избор на нов генерален секретар од јули годинава, кога почина дотогашниот директор Јукија Амано, потсетуваат француските медиуми.