Делегацијата на Србија предводена од претседателот Томислав Николиќ денес ја завршува дводневната посета на Белорусија, посветена на соработката помеѓу двете држави.
Српските претставници во текот на вториот ден од посетата на Минск ќе се сретнат со белоруски производители и ќе посетат неколку компании во главниот град.
Николиќ вчера се сретна со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
Во заедничкото соопштение на двајцата претседатели стои дека Белорусија го подржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и постигнувањето на целосно решение за Косово.
Шефовите на државите покажаа подготвеност за унапредување на билатералните односи, засилување на економската соработка и надминување на периодот на стангнација на соработката.
Во делегацијата на Србија се и министерот за култура, Бранислав Петковиќ и министерот за надворешни работи Иван Мркиќ, кои со белоруските министри потпишаа договори во областа на информирањето, соработка во борба против организиран криминал и правна помош во граѓанските и кривичите работи.
Елена Георгиевска