Николиќ: Србија нема да оди во ЕУ, по секоја цена

Од:

Србија не сака по секоја цена да стане членка на ЕУ, изјави денес претседателот, Томислав Николиќ во текот на разговорот со својот колега од Белорусија, Александар Лукашенко.

До сега можеби изгледаше како Србија да е подготвена да направи се за да стане членка на ЕУ. Денес велам дека има работи кои Србија не е подготвена да ги направи, иако цената е членство во ЕУ –изјави Николиќ, кој се наоѓа во дводневна посета на Белорусија.

Тој нагласи дека Србија има голема желба да се приклучи во унијата и дека ќе направи се што една суверена и самостојна држава може да го направи.

Никој не може да диктира кои се нашите пријатели. Веруваме дека Белорусија е една од нашите најголеми пријатели. Србија настојува да стане членка на ЕУ. Ги исполнивме сите барања на Советот, кои се нормални за секоја држава – изјави Николиќ и додаде дека Србија има проблем во врска со Косово.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ