Фудбалерите на Галатасарај се во четвртфиналето откако вечерва во Гелзенкирхен го совлада Шалке со 2:3.
Галата подобро го отвори натпреварот во неколку удари на Дрогба и Алтинтоп, но Хилдебранд одлично интервенираше.
Сепак Шалке беа тие што први стигнаа до гол. Нојстадер го матираше Муслера за 1:0.
Подобрата игра на Галата се исплатеше во завршницата на првото полувреме. Алтинтоп со фантастичен удар од преку 30 метри го совлада домашниот голман за 1:1, а пет минути подоца Јилмаз постигна гол за водство на турскиот тим.
Во продолжението Бастос по ударот на Ушида постигна гол, за радост на домашната публика израмнувајќи го резултатот на 2:2.
Сите надежи на Шалке ги згасна Булут, во судиското продолжение, кој ги постави конечните 2:3.