Српската полиција најде слика на Рембрант, сметана за една од највредните уметнички творби на европското барокно сликарство, што беше украдена во 2006 година од Градскиот музеј во Нови Сад, сооптштија српските медиуми.
Сликата од 1630 година „Портрет на таткото на Рембрант“, со димензии 29 на 22,5 сантиметри, беше откриена вчера во акција на полицијата во градот Сремска Митровица, на 50 километри западно од Белград.
Уапсени се четири лица.
Сликата беше украдена на 8 јануари 2006 година, кога две маскирани и вооружени лица го врзаа чуварот ма музејот и освен портретот, украдоа уште три вредни слики.