Пике: Ќе играме во четвртфинале

Од:

Вечерва на „Камп Ноу“ се игра реваншот од осминафиналето меѓу домашната Барселона и екипата на Милан, кој од првиот натпревар одигран на „Сан Сиро“ има убава предност од 2:0.

Во последно време екипата на Барселона не прикажува импресивни партии. „Каталонците“ загубија неколки важни натпревари меѓу кој е и оној од Милан, но и покрај тоа дефанзивецот Герард Пике е уверен дека тој и неговите соиграчи можат до четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Чувствувам дека ќе го надоместиме заостанувањето од Милано и дека ќе поминеме во четвртфиналето. Мислам дека подолг период не сме имале подобри играчи и верувам дека можеме да го стигнеме заостанувањето од 2 погодоци“- изјави Пике.

„Го респектираме Милан. Тие се клуб со богата историја кој освоил многу трофеи, како во Италија така и во Европа. И во првиот дуел „росонерите„ ја покажаа својата сила, но едноставно верувам во себе и во своите играчи“- додал Пике.

Натпреварот меѓу Барселона и Милан се игра вечерва на „Камп Ноу“ во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска