Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ негираше дека со косовската политика ги измамил граѓаните на Србија и истакна дека никогаш не би се согласил Косово да добие место во Обединетите нации.
-Јас зборував дека Косово е многу поблизу до независноста, отколку суштинската автономија. А Дачиќ, кој тогаш беше во опозиција изјави дека од војната не можеме да се откажеме – изјави Тадиќ, реагирајќи на изјавата на Дачиќ дека со години лажеле дека Косово е нивно.
Тадиќ истакна дека за Косово барал прифатливо решение и дека фокус му бил опстанокот на Србите на север, бидејќи без тоа не може да се одржат ниту тие во енклавите.
Претседателот на Демократската партија изјави дека на второ место во својот план ги ставил црквите и манастирите.
-Прашањата за црквите и манастирите кои што се суштински прашања за идентитетот ги ставив на второ место, сега и тука имаме опасност. Јас тој пристап немаше да го прифатам, барав заедничко решени, доколку треба и договори да се потпишат, но никакво место на Косово во ОБ – изјави Тадиќ.
Елена Георгиевска