Претседателот на Србија Томислав Николиќ, денес патува во посета на Белорусија, а се очекува на својот колега Александар Лукашенко да му додели орден, со кој неодамна го одликува.
Николиќ ќе биде на чело на државната делегација на Србија која оди на дводневна посета во Минск.
Предвидено е и потпишување на договор за соработка, во борбата против организираниот криминал и правна помош во граѓанските кривични постапки.
Министерот за култура и информирање на Србија, Братислав Петковиќ и министерот за информирање на Белорусија, Николај Пантелеј ќе потпишат меморандум за соработка во областа на информирањето.
Елена Георгиевска