Индија изврши денеска успешно тестирање на првата ракета со крила од сопствено производство.
Истрелувањето на ракетата со среден дострел „Нирбхај“ беше извршено од полигонот Чандипур во источната држава Ориса.
Производството на ракетата со максимален дострел до илјада километри почна во 2007 година. Ракетата е наменета за воено-воздухопловните, военопоморските и копнените сили.
За овој месец е планирано и тестирање на подводната верзија на суперсоничната ракета со крила „БраМос“, која е од заедничко руско-индиско производство.