Русин во рачен багаж пренесувал 26.000 дијаманти

Од:

Русин кој во рачен багаж носел 26.000 дијаманти со вредност од најмалку 162.000 долари, на московскиот аеродром изјавил дека „нема што да пријави“, пренесува Huffingtonpost.

– Невработениот 37-годишен руски државјанин, кој ги носел дијамантите во пластична проѕирна кеса, ги пренесувал од Дубаи, приведен е вчера на аеродромот Шереметјево, соопшти руската царинска служба.

Портпаролката на аеродромот Наталија Карасева истакна дека еден цариник забележал, за време на редовниот преглед на багажот, видно нервозен патниик како ја држи торбата под пазува, па побарал да види што има во неа.

Приведениот маж е од Дегестан и изјавил дека дијамантите ги носел за негов пријател. Се уште не е познато дали против него ќе биде покрената кривична постапка.

Би можело да ве интересира

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија