Три четвртини или 75 отсто од традиционалните гласачи на Конзервтивната партија на премиерот Дејвид Камерон, веруваат дека следните паламентарни избори, се уште од сега загубени за ториевците.
Само седум отсто од учесниците во истражувањето, направено само меѓу гласачите и приврзaниците на ториевците, сметаат дека Камерон на изборите во 2015 година ќе може да обезбеди доволно поддршка и мнозинство за да може да создаде ториевска Влада.
Оние кои не веруваат во успехот на актулениот премиер и лидер на партијата, веруваат дека опозициските лабуристи ќе ја освојат власта, било сами или правејќи коалиција со либералнит демократите, кои сега коалицираат со конзервативците на Камерон.
Според лондонските аналитичари, ваквото расположение на Британците, приврзеници и гласачи на ториевците, се должи на продолжената економска стагнација на земјата, незадоволството кај гласачите од острите мерки за штедење и скратување на буџетското трошење, како и на состојбите во партијата и во пратеничките редови, поделено меѓу десните евроскептици и центристите, чии разлики премиерот Камерон не успева секогаш да ги надмине.
Камерон и натаму го поддржува министерот за финансии Џорџ Озборн и неговата економска политика, во која намалувањето на внатрешниот долг има ценрално место и покрај барањата за менување на политиката.
Кризата во партијата и недовербата кон Камерон се зголеми по „понижувањето“ на Конзервативната партија на дополнителните избори за едно испразнето пратеничко место, кога ториевците останаа и зад ултраевроскептичната Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП).
Анализите покажуваат дека Камерон би можел идната година да доживее ист ваков пораз од УКИП и на изборите за европскиот Парламент.