Вардар во финишот го победи Нексе

Од:

Бранителот на трофејот во регионалната СЕХА лига, нашиот претставник Вардар Про по се изгледа ќе обезбеди учество во фајнал-форот на ова натпреварување, откако денес во СРЦ „Кале“ го совлада составот на Нексе со 27:25 (14:12).

Во крајно неизвесен и рамноправен натпревар избраниците на Веселин Вујовиќ стигнаа до посакуваната победа и се зацрвстија на 4-та позија на табелата со 32 бода.

Во првото полувреме Вардар, воглавно имаше предност од 1-2 гола, па на пауза заминна со 14:12 во нивна корист, додека во второто полувреме Нексе беше тимот кој водеше со 1 гол предност. Сепак, со одлична игра во финишот нашиот тим докажа дека е шампионот во ова натпреварување и тешко, но сепак заслужено извојува победа со 27:25.

Немања Прибак во нашиот тим беше најефикасен со 5 погодоци, додека Филип Лазаров постигна 4. Кај гостинот Лелиќ и Обрановиќ постигнаа по 5 гола.

Отако Металург веќе го обезбеди учеството на фајнал-форот во СЕХА лигата, и нашиот втор претставник е многу блиску до овој дострел.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ