Научен собир насловен „Охрид и Балканот, археолошки погледи“, ќе се одржи денеска во куќа Уранија во Охрид по повод 80-тиот роденден на академик Вера Битракова Грозданова.
Форумот е организиран од Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ и Македонската академија на науките и уметностите, а свои излагања за аспекти на темата ќе одржат истакнати научници и експерти од земјава, како и гости од Бугарија, Грција, Русија и од Хрватска.