Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги обвини денеска САД и талибабците дека дејствуваат усогласено со цел да ги убедат Авганистанците дека насилството ќе се влоши доколку странските војници ја напуштат земјата.
Карази истакна дека двата бомбашки напади, кои се случија вчера и во кои загинаа најмалку 18 лица покажуваат дека бунтовниците напаѓаат „како услуга за Америка“ и сакаат да покажат дека меѓународните сили се уште се потребни за поддршка на мирот по завршувањето на воената мисија во 2014 година.
Во телевизиското обраќање Карзаи изразил уверување дека авганистанските талибанци и САД ги обновиле преговорите во Катар.
Талибанците ги прекинаа преговорите пред една година, со образложение дека американските изјави се „колебливи, несигурни и нејасни“.
– Високи претставници на талибанците и Американците водат секојдневно преговори во Катар, нагласи Карзаи.
Портпаролот на талибанците во Авганистан Забиула Муџахид демантираше дека се обновени преговорите со САД и нагласи дека не е постигнат никаков напедок, откако тие се стопирани.