Србија во јуни ќе добие платформа, наместо датум за преговори со ЕУ

Од:

Србија во јуни веројатно ќе добие зелено светло за „првичната фаза на преговори“ за членство во Европската унија, што ќе биде првот таков случај досега, пишува српскиот весник „Вечерње новости“, повикувајќи се на српски владин претставник.

Според весникот европските лидери најверојатно нема да го одредат датумот за почеток на преговорите со Србија во јуни, но ќе одобрат изготување на платформа за преговори.

Таквото решение би претставувало преседан, бидејќи претходно во процесот на проширување на Унијата, никогаш не било постапено на ваков начин.

Според „Вечерњи лист“ на овој начин ќе бидат надминати несогласувањата меѓи земјите-членки на Унијата, а ставот на Германија, дека се уште е рано за конкретен датум ќе биде испочитуван. Истовремено ќе бидат признати напорите на земјата во преговорите со Приштина, додава весникот.

Директорот на српската владина Канцеларија за европска интеграција Милан Пајчевиќ изјави за весникот дека ваквата ситуација е најреална за Србија во моментов.

– Во таков случај нема да бидат официјално отворени, но техничката работа за нивно подготвување ќе почне, што дури е и поважно за Србија, појасни тој.

Во таквата ситуација Србија ќе биде целосно подготвена за почеток на преговорите, откако официјално ќе биде одреден датумот, што може да се случи за шест до девет месеци по почнувањето на работата на платформата, додава „Вечерњи лист“.

Ова прашање треба да биде решено следните неколку недели, најдоцна до 14 април, односно два дена пред Европската комија да се огласи во врска со напредокот на Србија. До крајот на март се очекува во регонот да пристигне еврокомесарот за проширување Штефан Филе и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, пишува „Вечерње новости“.

Портпаролот на Филе, Петер Стано не даде конкретен одговор за тоа дали ќе биде направцен исклучок за Србија.

– Мошне е рано да се шпекулира за датумот и формулирањето на решенија. Заклучоците на Европскиот совет од декември се мошне јасни. Од нас беше побарано да подготвиме извештај и процесот е во тек, истакна Стано за „Вечерње новости“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ