Руските научниците пронашле нови облици на живот кои веќе со милиони години целосно се изолирани под антарктичкиот мраз.
По повеќе од деценија дупчење на дебелата кора мраз, Русија минатата година го пробила антарктичкиот мраз и ги земала примероци вода од огромното езеро кое негибнато лежи под мразот најмалку 14 милиони години, пишува РИА Новости во петокот.
Научниците сметаат дека ледените мрачни пространства на езерото Васток сместено околу 3.700 метри под мразот можат да пружат увид во тоа како планетата изгледале пред ледената ера, како и идеи за тоа какви облици на живот се можни на другите планети.
„По исклучувањето на сите познати контаминирачки влијанија, бактериската ДНК која е пронајдена не одговара на ниеден познат вид во светот”, вели Сергеј Булат од институтот за нуклеарна физика во Санкт Петербург.
„Кога се обидовме да ја идентификуваме ДНК-та, тон не одговараше на ниеден познат вид. Сличноста, во најдобар случај, беше најмногу 86 отсто”, дополни Булат. Додал дека смета оти секое преклопување на ДНК помалку од 90 отсто, значи дека станува збор за новооткриени форми на живот.