Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе биде катастрофа и покрај несогласувањата за највисокото ниво на бонуси за банкарите, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Велика Британија не поддржува правила на ЕУ за највисоко ниво на бонуси што може да биде закана за водечката улога на Лондон како финансиски центар, јавуваат западни медиуми.
– Би претпочитал Британците да прифатат бидејќи не би сакал во крајна сметка, да излезат од ЕУ. Политиката на Германија е да не бидат поддржани гласови кои ја гледаат ЕУ без Обединетото кралство, изјави Шојбле за Стандарт.
– Нека тогаш се обидеме да објасниме на некои Индонезиец – Европа е неверојано силна и динамична заедница, но не е во состојба да задржи свој член како Велика Британија. Таква загуба би била катастрофа, додаде германскиот министер. Тој предупреди дека правилата за бонусите за банкарите нема да бидат олеснети при никакви услови.