Руските сили убија еден од водечките чеченски милитанти

Од:

Рускиот aнтитерористички комитет, потврди дека во текот на вчерашниот ден во акција на безбедносните сили, убиен е еден од водачите на милитантите кои се борат за воспоставување на исламска држава во регионот на Северен Кавказ. Убиениот лидер, Адам Кушалајев, кој го презел името Абу-Малик беше еден од најбараните луѓе повеќе од 10 години. Тој ја презеде групата, откако претходниот водач беше убиен во јануари оваа година.

Во текот на вооружениот судир, покрај Малик беа убиени уште двајца милитанти, но и еден припадник на руските сили за безбедност, а еден беше повреден.

Пред Малик, организацијата беше предводена од браќата Кхусеин и Гакајев. Тие беа обвинети за организирање повеќе напади, еден од последните се случи во август минатата година кога беа убиени четворица војници од редовите на министерството за внатрешни работи.

Помина повеќе од една деценија откако Владимир Путин ја врати контролата над Чеченија, но исламските бунтовници и понатаму организираат бројни напади во регионот. Во последниве години, насилството од Чеченија се прошири и во другите провинции со муслиманско мнозинство – Ингушетија, Дагестан и Кабардино-Балкарија.

Би можело да ве интересира

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија