Француски џихадист е заробен во долината Аметатаи во Мали каде француско-чадски сили водат офанзива против вооружени исламистички групи, потврди денеска за Европа 1 францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан.
– Имаме француски заробеник од Мали кој ќе биде испратен во Франција, изјави Ле Дриан потврдувајќи информација на весникот Либерасион.
– Тоа покажува дека овде постоел терористички огранок кој можел да прифати млади во потрага по радикална судбина, како што некои можеа порано да одат во Авганистан или Сирија, изјави Ле Дриан.
Француските власти проценуваат дека околу 10 француски или француско-африкански џихадисти заминале за Сахел (гранична зона во Африка меѓу Сахара на север и регион во Судан на југ) за да им се приклучат на исламски борци.