Роберт ван Горком, директор на холандската лабораторија Рикилт Вагенинген, во која беше правена суперанализа на млекото од Србија, изјави за Блиц дека според нивни протокол, сите примероци во кои нивото на афлатоксин е над лимитот пропишан во ЕУ, се квалификуваат како „алармантни“.
Единствената референтна лабораторија на ЕУ соопшти дека од 48 испитани примероци, 33 надминуваат граница на европски стандарди од 0,05 мг/кг. афлатоксин М1 по литар млеко.
Најниското ниво на афлатоксин во млеко од Србија изнесувало 0,014 мг/кг додека во два примерока е пронајдена содржина на таа материја над 0,5 мг/кг. (0,527 и 0,647).
– Зборот „алармантно“ (ниво) не е употребен специјално за примероци на млеко од Србија. Нашата лабораторија составува извештаи за резултати од анализа на примероци чија вредност е над лимитот според одреден протокол. Во принцип, примероци чии вредности надминуваат лимит, ги нарекуваме „алармантни“. Кога наши клиенти бараат да извршиме мерења, тие знаат дека мора да го почитуваме тој протокол иако во Србија лимитот е 0,5 микрограми, а не 0,05 како во ЕУ, вели Ван Горком.