Владата на Србија ги разреши од должност директорот на Управата за ветеринарство и Управата за заштита на растенија, Јан Боќански и Иван Соч, по објавените резултати од анализата од Холандија.
Но, министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ изјави дека млекото е безбедно и дека „аферата е наместена“.
Долго очекуваните резултати од холандската лабораторија потврдија дека во две третини од примероците на млеко има афлаткосин повеќе од дозволеното за Европа.
Министерот Кнежевиќ изјави дека не може врз основа на еден резултат кој што е до граничните вредности, да се донесе оцена за исправноста на млекото, да се вознемири јавноста и на државата да и се нанесе голема економска штета.
Елена Георгиевска