Минималистичка куќа во облик на дрвен шатор

Од:

Во градот Нагаока, Јапонија, компанијата „Такеру Шоји Аркитектс“ изгради селска куќа која е всушност дрвена конструкција во облик на шатор, за брачна двојка и две деца.

Таа е сместена на семејниот имот како второ, алтернативно живеалиште, покрај главната куќа, работна куќарка и гаража. „Такеру Шоји Аркитектс“ ја дизајнирале куќата како „непотполно” престојувалиште кое го поттикнува семејството да се потпира и на употребата на други, помали и „пооскудни“ градби, заради „зајакнување на селското заедништво“.

Куќичката е направена да изгледа како голем дрвен шатор, затворен од едната страна. Внатрешниот простор главно го одликуваат дрвени површини, а пак, природната светлина влегува во куќата низ големи триаголни прозорци.

И декорот и мебелот се минималистички, но функционални, а сѐ е онака – традиционално и едноставно, како впрочем и повеќето современи домови во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска