Делегацијата на Србија предводена од претседателот Томислав Николиќ,премиерот Ивица Дачиќ и потпретседателот на владата Александар Вучиќ во понеделник ќе се состанат со претставничката на ЕУ Кетрин Ештон, но и со други лидери.
Тема на разговорот ќе биде добивање датум за почеток на преговорите за во ЕУ и за резултатите од преговорите со Приштина.
Според неофицијални информации делегацијата од Србија ќе патува на состанокот со намера уште еднаш пред одлуката во април да се обиде да ги убеди европските претставници ,дека Србија ги исполни сите услови за добивање датум за почеток на преговорите со Европската унија.
-Ќе се зборува и за преговорите со Приштина и заложбите на Србија да се најде решение прифатливо за двете страни од што и зависи понатамошниот развој – изјавија официјални извори од владата.
Елена Георгиевска