Дачиќ: 10 години се лажеме дека Косово е наше

Од:

Во интервју за неделникот „НИН“, претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ, вели дека десет години народот на Србија се лаже дека Косово е српско, а дури и се официјализирало со уставот на Србија.

– Се лажеше дека Косово е наше, а тоа дури беше официјализирано со уставот. Денес тој ист устав нималку не помага. Претседателот на Србија не може на Косово. Ни премиерот. Ни министрите. Ни полицијата. Ни војската – вели премиерот.

Агенцијата Ројтерс оценува дека изјавата на Дачиќ е најновиот знак дека Белград го направил историскиот пресврт во желбата да обезбеди преговори за прием на Србија во Европската Унија, пренесува Блиц.

Во текстот по повод годишнината од убиството на Зоран Ѓинѓиќ, Дачиќ наведува дека Косово речиси десет години е табу тема, дека никој официјално не зборувал, а се зборувало само за „бајки“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ