„Italdesign Giugiaro“ е уште еден во низата производители што се впуштија во развој на кросовер автомобилите. Оваа компанија во Женева го прикажа необичниот концепт „Parcour“, што претставува комбинација од спортски суперавтомобил и возило со СУВ карактеристики.
Кросовер заразата, што ја зафати „Фолксваген“ групата (во 2012 година и Бентли и Ламборџини ги претставија своите СУВ концепти), стигна до уште еден производител што делува во рамки на овој автомобилски гигант.
Компанијата „ Italdesign Giugiaro “ во 2010 година стана дел од „Фолксваген“ групата, а на авто-салонот во Женева 2013 година го представи концептот „Parcour“ што настана во соработка со Ламборџини.
Наречен според популарната урбана спортска дисциплина, темелена на брзо движење покрај вратоломно совладување на препреките, овој концепт ги комбинира елементите што се карактеристични за брзите спортски автомобили, со употребливиста на еден кросовер.
Автомобилот е долг 4.530 милиметри, широк 2.070 милимитери, висок е 1.335 милиметри, а неговата маса изнесува 1.550 килограми.
„Parcour“, што со својот дизајн и врати што се отвораат вертикално, од далечина може да „мине“ и како некој автомобил од гамата на „Ламборџини“, го движи мотор што е преземен од моделот „Гаљардо“. Станува збор за 5.2 литарски В10 агрегат што развива 550 КС и што е поставен зад патничката кабина.
Моторот је поврзан со седумбрзински автоматски менувач со двоен кумплунг, а силата се пренесува на сите четири тркала, со пречник од 22 инча.
Концептот е во состојба до стотка да забрза за 3,6 секунди, со максимална брзина од 320 километри на час.
Производителот засега не кажува дали и кога има намера на купувачите да им понуди и сериска верзија на концептот „Parcour“.