Горбачов: Новите руски закони се напад врз граѓанските права

Од:

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов денеска ги критикуваше новите закони во Русија, оценувајќи ги како напад врз граѓанските права и му порача на претседателот Владимир Путин да не се плаши од сопствениот народ.

Горбачов истакна дека бил изненаден од големиот број контроверзни закони усвоени во Русија од враќањето на Путин во Кремљ.

– Основна карактеристика на сите тие закони е напад врз правата на граѓанинот. Во волја на Бог, не треба да се плашиш од сопствениот народ. Тоа што луѓето го сакаат и очекуваат од својот претседател е да води отворен и директен дијалог со нив. Тоа не треба да го навредува, туку треба да се обиде да ја извлече Русија од тешката ситуација во која се наоѓа, изјави Горбачов.

Новите закони предвидуваат казни за организирање протести без дозвола, строги казни за клевета, проширување на дефиницијат за предавство и разни ограничувања на Интернет страниците.

Гробачов во интервју за Би-Би-Си упати критики на потесникот круг соработници на Путин, нагласувајќи дека е полн крадци и корумпирани службеници.

– Во неговиот најблизок круг има толку многу крадци и корумпирани службеници. Доколку работите не се променатм, Русија ќе продолжи да плута како сната лед во Арктикот, истакан поранешниот советски лидер.

Би можело да ве интересира

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија