Најмалку 14 лица погинаа, а 24 се ранети во експлозија на бомба од рачна изработка подметната под автобус во централниот регион на Мали, Моптиа, соопшти министерот за безбедност Салиф Траоре.
Во автобусот, што минал врз нагазна мина, имало 60 патници, пренесоа британските медиуми.
Во Моптиа веќе долго време беснее насилство, а екстремистите редовно убиваат цивили од ривалските етнички групи.
Во овој регион се активни и исламските милитанти.