Ferrari во Женева го претстави наследникот на Enzо, суперспортски автомобил кој беше познат под кодната ознака F150 Project.
Во Маранело не се одлучија на имињата со кои се шпекулираше F70, FX70 или F150, туку – LaFerrari.
По официјалните податоци LaFerrari располага со вкупно 963 коњски сили и 900 Nm.
Силата на тркалата се пренесува преку 7-степениот менувач. Од 0 до 100 км/ч овој автомобил ќе достигнува за помалку од 3 секунди, од 0 до 200 км/ч ќе му требаат помалку од 7 секунди, а од 0 до 300 км/ч ќе достигнува за 15 секунди. Максималната брзина изнесува 350 км/ч.
LaFerrari е со основни димензии: должина 4.702 mm, ширина 1.992 и висина 1.116 mm. Меѓуоскиното растојание на возилото, опремено со седумстепена роботизирана менувачка кутија, изнесува 2.650 mm. Тркалата напред се со големина од 19 инчи, а гумите – 265/30. Позади тркалата имаат големина 20 од инчи, а гумите 345/30. Системот за сопирање е карбон-керамички, разработен од Brembo.
LaFerrari ќе биде произведено во кратка серија од 499 примероци, а многу од нив веќе се резервирани. Се уште не се знае кога ќе почне испораката, но се очекува тоа да се случи пред крајот на годинава. Цената на моделот е 1.3 милиони евра.